АРХИТЕКТ

Скопје, Северна Македонија


EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.

Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

Со цел зајакнување на оперативниот сектор, објавуваме оглас за вработување на


СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АРХИТЕКТОНСКА И ГРАДЕЖНА ПОДДРШКА

(АРХИТЕКТ)

 

Одговорности и работни задачи:

  • Го следи статусот на квалитетот на градежните, архитектонски и внатрешни работи на адапатација и реконструкција во трговскиот центар;
  • Ги евидентира сите штети од архитектонските и градежните активности кои се предмет на итно и неопходно дејствување/поправање;
  • Закажува, следи и управува со сите поправки во трговскиот центар;
  • Управува со логистиката во врска со секоја релокација додека клиентите (закупците) се релоцираат во и надвор од и во рамките од трговскиот центар;
  • Соработува со инженерите и архитектите од засегнатите страни со цел да се утврди опсегот на работата која се планира;
  • Управува со фазите на реконструкција, преселби, замена и купување на мебел;
  • Координира со тим од различни дисциплини за остварување на најдобри резултати;
  • Планира буџети и подготвува предмери поврзани со архитектонските и градежните активности;
  • Врши просторно планирање за да се направи избор на дизајн и инвентар;
  • Прави распоред, креира простор и распределба на ресурси за максимално искористување на просторот;
  • Спроведува истражувања на пазарот за да се осигура дека проценките на трошоците се во рамките на буџетските ограничувања на трошоците пред поднесувањето препораки за купување на предмети и/или опрема;
  • Врши рутински проверки на зградата и обезбедува помош на закупците;
  • Дава поддршка на другите оддели при организација на настани и соодветно ги информира засегнатите служби за успешна организација на истите;

Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • Висока стручна подготовка од областа на техничките науки (архитектура или градежништво);
  • Минимум 3 годишно искуство на иста или слична работа позиција;
  • Одлично познавање на Microsoft Office пакет и Auto Cad
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Изразени аналитички способности
  • Ориентираност кон детали и креативно размислување
  • Способност за решавање на проблеми и одлучување за работи од свој делокруг;

Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:

  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Развиено чувство за работна етика
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 28.07.2026.

 

АРХИТЕКТ

Пријави се на огласот
Опис на работно место

АРХИТЕКТ

Лични информации
Професионални информации