Придружи се на нашиот динамичен ТИМ!
Тука иновацијата, експертизата и тимскиот дух се во срцето на сè што правиме
Како лидер во индустријата, ние поставуваме стандарди и нудиме уникатни искуства за нашите посетители. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
Нашиот центар е опремен со најновите технологии и трендови, обезбедувајќи безбедно, релаксирано, разновидно шопинг искуство и забава за сите возрасти и за сите вкусови.
Секогаш се стремиме да ги надминеме очекувањата на нашите закупци и посетители, со тоа што континуирано воведуваме нови идеи и проекти кои можат да донесат додадена вредност и да го подобрат работењето и задоволството.
Нашиот успех се базира на силната соработка и поддршка меѓу колегите. Ние сме тим кој заеднички ги надминува сите предизвици
Нашиот тим е составен од искусни професионалци кои се посветени на постигнување на најдобрите резултати
Секој нов вработен поминува структуиран процес на работно воведување од 1-3 месеци, при што добива менторство од искусни колеги. Континуирано вложуваме во обуки и развој
Согласно работните обврски и постигувањата, се трудиме да ги сретнеме очекувањата на нашите вработени и да ги наградиме за нивната перформанса
Дел сме од интернационална групација и разменуваме најдобри практики од индустријата. Работиме во предизвикувачка средина, каде секој ден е различен
Бенефицирани цени во одредени локали во East Gate Mall. Посета на конференции и семинари. Тим билдинг и спортски активности.Флексибилно работно време
Современ и модерно уреден работен простор, каде се поттикнува креативноста, продуктивноста и тимскиот дух. Обезбедени се напитоци за вработените
Во кои области можеш да ја градиш својата кариера кај нас?
• Маркетинг • Лизинг • Финансии и сметководство
• Оперативно работење • Обезбедување • Администрација