Маркетинг координатор за закупци

Скопје, Северна Македонија

EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.

Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

Со цел зајакнување на секторот за маркетинг, објавуваме оглас за вработување на


МАРКЕТИНГ КООРДИНАТОР ЗА ЗАКУПЦИ

 

Одговорности и работни задачи:

  • Развива маркетинг стратегија за друштвото во согласност со целите на друштвото;
  • Координира комуникација со закупците за кампањи и нивни потреби;
  • Го надгледува буџетот за маркетинг на друштвото за поддршка на закупците во трговскиот центар;
  • Менаџира објавување на сите маркетинг материјали од страна на закупците во согласност со маркетинг плановите;
  • Планира и спроведува промотивни кампањи за закупците;
  • Управување и подобрување на кампањите на трговскиот центар;
  • Подготовка на онлајн и печатени маркетинг кампањи;
  • Создава широк спектар на различни маркетинг материјали;
  • Блиска соработка со маркетинг агенции и агенции за дизајн;
  • Одржува ефективна внатрешна комуникација со цел да се осигура дека сите соодветни службени лица во друштвото се информирани за маркетиншките цели;
  • Анализа на потенцијалните стратешки односи со партнерите за маркетинг на друштвото;
  • Ги координира активностите на Маркетинг агенцијата за проектот Трговски центар
  • Развива оперативна стратегија за маркетинг за Трговскиот центар;
  • Преговара со потенцијални клиенти/огласувачи во трговскиот центар

Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • Висока стручна подготовка од областа на економски, општествени науки
  • Минимум 3 годишно работно искуство во маркетинг, или на слична работна позиција
  • Одлично познавање на Microsoft Office пакет
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Изразени аналитички способности
  • Способност за решавање на проблеми и одлучување за работи од свој делокруг
  • Способност за планирање, преговарање и координација на симултани таскови, креативно размислување и ориентираност кон детали

Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:

  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Развиено чувство за работна етика
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 31.05.2026.

 

Маркетинг координатор за закупци

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Маркетинг координатор за закупци

Лични информации