Скопје, Северна Македонија

EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.
EAST GATE MALL е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
Со цел зајакнување на секторот за оперативно работење, објавуваме оглас за вработување на:
СЕРВИС ДЕСК АДМИНИСТРАТОР
Одговорности и работни задачи:
▪ Прима пријави за технички проблеми и забелешки во врска со хигиената и соодветно ги пренесува овие информации до одговорните лица
▪ Креира работни налози (тикети) во CAFM софтвер за секоја не планирана работна задача во врска со техничкото одржување или хигиената во во објектот
▪ Распределува работни налози на техничарите одговорни за превентивното и корективното одржување на соодветните системи
▪ Соодветно го менува статусот на работниот налог (тикет) во CAFM софтверот се до затварање на истиот. Работниот налог е завршен откако ќе биде пополнет од техничарот и потпишан од соодветното одговорно лице (супервизор)
▪ Прима најави од закупците и истите ги спроведува до соодветните оддели и одговорни лица со праќање на електронска пошта
▪ Редовно го известува обезбедувањето за најавите од закупците и работата на надворешни фирми со испраќање електронска пошта до мониторинг центарот
▪ Одговара на електронска пошта, телефонски повици и друг тип на пораки во врска со статусот на техничките проблеми кои се внесени во софтверот
▪ Уредно ги чува завршените работните налози, ги скенира и праќа по електронска пошта на соодветните супервизори и други одговорни лица
▪ Ги почитува правилата за безбедност и здравје при работа, заштита од пожар и слекеција и одлагање отпад
▪ Редовно извршува која било друга разумна работа или поврзани задачи на барање на претпоставениот.
Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:
▪ Одговорност и ориентираност кон резултати
▪ Ориентираност кон клиенти/засегнати страни
▪ Способност за самостојна и тимска работа
▪ Силни организациски и интерперсонални вештини
▪ Силни комуникациски вештини
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
▪ Средна стручна подготовка;
▪ Минимум 2 годишно искуство на иста или слична работа позиција;
▪ Професионален пристап кон работата;
▪ Одлично познавање Microsoft Office пакет;
▪ Одлично познавање на англиски јазик;
▪ Адаптибилност и флексибилност ;
▪ Способност за потикнување на промени;
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 13.02.2026