МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ

Скопје, Северна Македонија

East Gate Mall (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

Со цел проширување и зајакнување на маркетинг одделот, објавуваме конкурс за вработување на:


МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ

 

Одговорности и работни задачи:

  • Ги администрира условите за закуп со трговците или потенцијалните закупци со цел да се склучат договори и да се достават понуди за закуп на простор за рекламирање/промоција;
  • Подготвува начелни услови за потенцијалните трговци кои се заинтерсирани за земање на простор за рекламирање/промоција под закуп;
  • Одржува база на податоци за потенцијални клиенти како и одржува и ажурира листа на потенцијални клиенти на трговскиот центар (листа на чекање) за простор за рекламирање/промоција;
  • Ги администрира договорите за закуп и внесува податоци во ЕРП систем или други помошни системи поврзани со администрирање на договорите за закуп на рекламен/промотивен простор;
  • Ги подготвува и ги обезбедува сите потребни документи за договори за закуп на рекламен/промотивен, измени, прегледи на закупи, пропратни листи и понуди;
  • Помага во подготовка на годишниот маркетинг буџет, и се придржува до истиот;
  • Пружа корисничка поддршка за сите закупци на простор за рекламирање и промоција,
  • По потреба учествува во процесот на преговарање со потенцијални клиенти за изнајмување на рекламен/промотивен простор под закуп;
  • Ja администрира дополнителната документација (одлуки, спогодби) поврзана со договорите за закуп на на рекламен/промотивен проостор;
  • Ja следи динамиката за достава, проверка на документацијата и фактурите за договорите за закуп на за рекламен/промотивен простор;
  • Јa следи динамиката за достава на депозити и полиси за осигурување согласно договорите за закуп на рекламен/промотивен простор;

Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • Образование: Средно Образование
  • Претходно работно искуство: Искуство во работа со документација, водење на процес на потпишување на договори, поддршка во однос на спроведување и следење на фактури во комуникација со клиенти. Искуство во водење на архива и документација
  • Одлично познавање на Microsoft Office пакет и соодветни системи за управување со документација
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Изразени аналитички способности


Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:

  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Развиено чувство за работна етика и допбро планирање на време
  • Ориентираност кон клиенти/засегнати страни
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини
  • Фокус на детали, уредност

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 14.08.2025

МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ

Пријави се на огласот
Опис на работно место

МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ

Лични информации
Професионални информации