ИТ СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

Скопје, Северна Македонија

EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.

Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

Со цел зајакнување на ИТ секторот, објавуваме оглас за вработување на


ИТ СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

 

Одговорности и работни задачи:

  • Учествува во проценка на трошоците и напорите за имплементација на реалистични планови и програми во областа на ИТ и Техничките услуги
  • Ги поддржува персоналните компјутери и мрежната инфраструктура
  • Обезбедува непречени операции на различните компоненти во сферата на ИТ
  • Детектира и разрешува случаи на дефекти или попречувања (подршка од втор ред)
  • Ги презема и мониторира активностите за поправки и корекции
  • Ја креира и обезбедува неопходната техничка документација и процедури за доделената опрема и системи, постојано настојувајќи да изнајде начини за автоматизирање на секојдневните активности и подобрување на ефикасноста
  • Ја набљудува и анализира постоечката инфраструктура на ИТ и посочува можности за нивно подобрување преку модификација и нови инсталации
  • Врши одржување на комуникационата мрежа
  • Се грижи за усогласеност на конфигурацијата на комуникациската мрежа со корпоративните стандарди
  • Одговорен е за усвојување на најдобрите оперативни практики во областа на ИТ преку имплементација на Information Technology Infrastructure Library (ITIL) полиси, концепти и процеси за менаџирање на услуги
  • Учествува во решавање на hardware и software инциденти, промени, конфигурации итн. со цел подобрување на ефективноста и ефикасноста на Одделот за ИТ
  • Обезбедува техничка поддршка и учествува во проекти поврзани со модификација и инсталација на програми и опрема
  • Обезбедува експертска помош на сите вработени/корисници на ИТ услугите, како и совети и практична обука со цел нивно оспособување за навремено решавање на проблеми и извршување на работните задачи
  • Ги информира корисниците за статусот на нивните барања упатени до Helpdesk-от на Одделот за ИТ
  • Учествува во креирањето, тестирањето и имплементацијата на Плановите за Континуитет и Опоравување од катастрофи
  • Ги следи мрежите на обезбедување на инфраструктурните компоненти и системот, со цел остварување на правата на пристап на корисниците и нивна промена само врз основа на валидно барање и соодветна документација на истите
  • Одговорен е за следење на квантитетот и видот на опремата, како и за ажурирање и безбедност на податоците во врска со средствата за работа на Одделот за ИТ
  • Ги координира набавките на делови за инфраструктурата во Одделот за ИТ (hardware, software, делови за мрежи на податоци, резервни делови за компјутерите итн.) со цел обезбедување на најдобри и најбрзо достапни услуги од областа на ИТ
  • Врз основа на документирано барање, врши тестирање и евалуација на нов software, hardware и телекомуникациска опрема и методи на изработка и архивирање извештаи, како и советува/дава препораки за можна потенцијална употреба на истите
  • Треба да биде во можност да предводи помали проекти

 Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • ВСС од областа на техничките науки
  • минимум 5 годишно искуство на иста или слична работа позиција,
  • Темелно знаење на мрежни архитектури и client/server технологии, IT security
  • Познавање и искуство со администрирање и инсталација на Windows и оперативни системи
  • Познавање од мрежно поврзување и рутирање: LAN, DHCP, DNS, Firewall, VPN
  • Познавање и искуство со одржување конфигурација на сервери и storage
  • Познавањето на технологиите за виртуелизација (VMware, Hiper-v)
  • одлично познавање на Microsoft Office пакет и англиски јазик,
  • изразени аналитички способности, способност за решавање на проблеми и одлучување за работи од свој делокруг
  • способност за потикнување промени и развој
  • Адаптибилност и флексибилност

Што нудиме:

  • Работа во динамична средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Можност за континуиран развој

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 10.08.2025.

 

ИТ СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

Пријави се на огласот
Опис на работно место

ИТ СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

Лични информации
Професионални информации