МЕНАЏЕР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО

Скопје, Северна Македонија

EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.

Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

Со цел зајакнување на секторот за финансии, објавуваме оглас за вработување на

 

МЕНАЏЕР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО


Главни одговорности и задачи:

  • Управува со процесот на Финансиско планирање и буџетирање на компанијата според соодветните групациски процедури
  • Воспоставува систем на следење на буџетот и контрола на реализацијата на буџетот
  • Дава стратешки препораки и совети до извршниот директор и акционерите за прашања поврзани со финансиската состојба на компанијата
  • Ги трансформира бизнис целите на компанијата во финансиски планови
  • Програмирање за управување со ризик преку анализа на обврските и инвестициите на организацијата
  • Предлага инвестициски стратегии со разгледување на ризиците за готовински тек и ликвидност
  • Обезбедува точност и комплетност на финансиските извештаи на компанијата согласно локалните и меѓународните стандарди
  • Обезбедува точност и комплетност на периодично финансиско известување (месечно/квартално) на Групацијата
  • Обезбедува точност на тековните извештаи за работењето  и прогнозирање (реализација на буџетот и отстапувања од буџетот, развој на буџет со предвидувања до крајот на календарската година),
  • Воспоставува и обезбедува достапност на аналитички информации за работењето на компанијата до менаџментот и до Собирот на содружници
  • Сеопфатно и точно спроведување на сите аспекти на даночно управување и даночно исвестување
  • Советува при избор и ангажирање на надворешни консултанти (ревизори, советници за даноци и сл.)
  • Управува и ги контролира сметководствените процеси и процесите со финансиско известување
  • Ја организира работата на одделите за сметковоство и финанско известување 
  • Управува со односите и комуникацијата со надворешни ревизори, вреднувачи и експерти од трети страни
  • Управува со односите поврзани со банките и другите финансиски институци, ги мониторира и контролира процесите поврзани со плаќања и со готовина
  • Ја следи наплатата на доспеаните, а ненаплатени побарувања и предлага мерки за наплата на проблематичните побарувања

Потребни квалификации:

  • Високо образование - Економски факултет
  • Искуство од минимум 15 години во областа на сметководство во среден или голем даночен обврзник 
  • Повеќе од 10-годишно искуство на одговорни раководни места во делот на финансиското и книговодствено работење или работно искуство во фирми во странство
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Oдлично познавање на MS Office пакет програми и сметководствени апликации
  • Познавањето на  PANTHEON и Collab системите ќе се смета за предност

Личен профил:

  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Аналитична и одговорна личност, ориентирана кон пронаоѓање решенија
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати
  • Способност за формирање и водење на тим
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера, со различни групи на луѓе
  • Позитивен став

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична и предизвикувачка интернационална средина, со можности за контунуиран развој, ве покануваме да ја испратите Вашата кратка биографија преку означеното поле, најдоцна до 27.03.2025год.

МЕНАЏЕР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО

Пријави се на огласот
Опис на работно место

МЕНАЏЕР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО

Лични информации
Професионални информации