Референт за изработка и наплата на фактури

Скопје, Северна Македонија


Ист Гејт Мол, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.

Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

За потребите на одделот за сметководтво и финансии објавуваме оглас за вработување на определено време (замена за породилно отсуство)


РЕФЕРЕНТ ЗА ИЗРАБОТКА И НАПЛАТА НА ФАКТУРИ

 

 Одговорности и работни задачи:

  • Составува и води преглед на листата на должници на Друштвото;
  • Контактира со клиенти и ги информира за задоцнети и неплатени фактури;
  • Ги советува клиентите и предлага можни опции за плаќање;
  • Учествува во преговори со клиенти за изготвување на соодветни планови за плаќање;
  • Оддржува евиденција на плаќања на клиентите;
  • Врши усогласувања на побаравувања и обврски;
  • Составува предупредувања за конечно известување до клиентите кога не вршат плаќања;
  • Покренува правни дејствија кога клиентите не го плаќаат својот долг и соработува со правен застапник на компанијата;
  • Одговара на поставени прашања на клиентите;
  • Контактира со адвокати и агенции за осигурување за олеснување на плаќањата.

 Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • ВСС/ССС
  • минимум 3 годишно работно искуство на иста или слична работа позиција
  • познавање на Microsoft Office пакет, одлично познавање на англиски јазик,
  • Изразени аналитички способности, способност за решавање на проблеми
  • Способност за планирање, преговарање и координација на симултани задачи
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 31.12.2024


Референт за изработка и наплата на фактури

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Референт за изработка и наплата на фактури

Лични информации