ТЕХНИЧАРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЕЛЕКТРО СИСТЕМИ

Скопје, Северна Македонија

EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.

Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

Со цел зајакнување на секторот за оперативно работење, објавуваме оглас за вработување на


ТЕХНИЧАРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЕЛЕКТРО СИСТЕМИ

-5 извршители-

 

Одговорности и работни задачи:

  • Врши поправка и замена на пригушници, светилки, шуко утичници и прекинувачи
  • Врши редовна проверка на разводни табли за управување, автоматика и електромотори на опрема, замена на контактори, помошни контактори, гребенасти склопки, биметали, релеи итн. во и околината на објектот
  • Врши дијагностика и поправка на опрема доколку не е потребно да се предаде на овластен сервис
  • Врши дневна проверка на лифтовите, ескалаторите и травелаторите
  • Врши надзор на подизведувачите при сервис на лифтови, ескалатори, травелатори и товарни платформи
  • Врши редовна контрола на UPS (уреди за непрекинато напојување)
  • Врши редовна контрола на трафостаниците
  • Учествува во редовна контрола на исправност и работа на електродизел агрегати
  • Врши редовна проверка и поправки одржување на системот за наплата на паркинг
  • Учестува во организација на настани (поставување кабли, приклучоци и проверка на подни кутии)

 Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • Средна стручна подготовка
  • Минимум 2 години искуство во работа како електричар
  • Професионален пристап кон работата
  • Способност за следење технички цртежи и планови
  • Способност за ракување со рачен алат
  • Одлични практични вештини и брзо решавање на проблеми
  • Адаптибилност и флексибилност
  • Возачка дозвола, категорија Б

Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:

  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Развиено чувство за работна етика
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини

Што нудиме:

  • Работа во динамична средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Работа во смени

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 12.06.2025.



ТЕХНИЧАРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЕЛЕКТРО СИСТЕМИ

Пријави се на огласот
Опис на работно место

ТЕХНИЧАРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЕЛЕКТРО СИСТЕМИ

Лични информации