АДМИНИСТРАТОР НА ИНФО ПУЛТ

Скопје, Северна Македонија

Оваа позиција не е повеќе достапна

EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.

Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

Со цел зајакнување на секторот за оперативно работење, објавуваме оглас за вработување на


АДМИНИСТРАТОР НА ИНФО ПУЛТ

 

Одговорности и работни задачи:

  • Одговарање на прашања на клиентите и посетителите;
  • Одговарање, проверка и препраќање телефонски повици на професионален начин;
  • Одговарање на информациите побарани преку е-пошта;
  • Помагање на клиентите и посетителите со информации за локациите;
  • Насочување на протокот на информации потребни за да стигнат до наменетите примачи;
  • Изложување рекламен материјал за тековните маркетинг кампањи на инфо пултот;
  • Примање и проактивно решавање на проблемите и жалбите на посетителите доколку можат веднаш да се решат и соодветно ескалирање кон одговорните лица;
  • Промовирање безбедна атмосфера во објектот со пријавување сомнителни лица на обезбедувањето;
  • Дополна на паркоматите со монети и банкноти за соодветно функционирање на системот за наплата на паркинг системот;
  • Уплата на дневниот промет во банка на дневна основа;
  • Водење благајна за монетите и банкнотите за системот за наплата на паркинг.

Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • Средна или висока стручна подготовка;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Одлично познавање Microsoft Office пакет;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Способност за препознавање и асистирање на потребите на клиентите;

Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:

  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Развиено чувство за работна етика
  • Ориентираност кон посетители/клиенти
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: сменско, 40 часа неделно

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 01.06.2025.

АДМИНИСТРАТОР НА ИНФО ПУЛТ

Пријави се на огласот
Опис на работно место

АДМИНИСТРАТОР НА ИНФО ПУЛТ