СМЕТКОВОДИТЕЛ

Скопје, Северна Македонија

EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.

Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

Со цел зајакнување на секторот за финансии и сметководство, објавуваме оглас за вработување на


СМЕТКОВОДИТЕЛ


Одговорности и работни задачи:

  • Книжење на влезна документација вклучително и материјално книговодство, основни средства, ситен инвентар, амортизација;
  • Врши проверка на фактури за ДДВ евиденција;
  • Ja слага и проверува книговдствената евиденција пред подготовка на ДДВ пријава;
  • Врши книжење на фактури за трошоци и услуги во книговодствен систем;
  • Врши книжење на банкарски изводи (денарски и девизни)
  • Подготовува и книжи компензации, цесии и асигнации и други форми на меѓусебно затворање на побарувања и обврски;
  • Книжење на книжни задолженија и одобренија;
  • Комуницира со добавувачи и купувачи за усогласување на сметководствена евиденција;
  • Врши книжење на резервација на трошоци/приходи, АВР/ПВР, со цел правилна алокација на месечен трошок/приход;
  • Подготвува МДБ ;
  • Помага при подготовка на финансиски буџет;
  • Учествува во работата со надворешната ревизија и помага при изготвување на финансиски извештаи;
  • Ја следи и работи во согласност со законската регулатива и известува и имплементира при измена на истата;
  • Чува документација соодветно на законските регулативи.


Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • Висока стручна подготовка од областа на економските науки
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Минимум 5 годишно работно искуство на иста или слична работа позиција
  • Напредно познавање на Microsoft Office пакет и програми за сметководствено работење
  • Активно познавање на MSS & MSFI сметководствени стандарди
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Изразени аналитички способности
  • Способност за решавање на проблеми и одлучување за работи од свој делокруг


Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:

  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Развиено чувство за работна етика
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за самостојна и тимска работа 
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 26.05.2025.


СМЕТКОВОДИТЕЛ

Пријави се на огласот
Опис на работно место

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Лични информации